Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Ќе се ревидира договорот со кој се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија.

 |   | 
Nedjat Jakupi
Неџат Јакупи

Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија.

„Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни земји.Ohridsko ezeroСтручните лица веќе подолго време укажуваат на потребата од преиспитување на, пред 4 децении, склучената спогодба.

„Таа не може да трае вечно. Ваков вид на билатерален договор неопходно е да се ажурира согласно хидролошката состојба на теренот“, вели проф. д- р Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт.

Токму испуштањето на водата од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија беше потенцирано како една од причините за енормното опаѓање на неговиот водостој.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top