Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (42) од Струга.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (42) од Струга.
На седми овој месец, пријавениот во алкохолизирана состојба започнал вербална расправија а потоа физички ја нападнал неговата вереница. Настанот се случил во 00.15 часот во неговиот автомобил на пат кон Струга.
На поставено прашање од вереницата, пријавениот Г.А. започнал караница а потоа и навреди кон неа. Во еден момент тој го запрел автомобилот по што со рака започнал да ја удира по лицето.
Оштетената успеала да излезе од автомобилот но Г.А. ја убедил да се врати назад и смирено да разговараат. Во близина на нејзиниот дом, повторно настанала вербална расправија каде пријавениот Г.А. физички ја нападнал вереницата удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото по што ја оставил и заминал.
Од страна на полициски службеници, оштетената е префрлена во општата болница во Струга каде се констатирани телесни повреди и укажана и е неопходна медицинска нега.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град