„Во врска со денешното јавно излагање за Генералниот урбанистички план за У З. 17.1- Студенчишко блато, сакаме да ја информираме јавноста дека сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овај дел од Охрид.“
„Jа информираме јавноста дека сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овај дел од Охрид.“
Јавно искажеме поддршка и согласноста за урбанизација на нашите приватни имоти затоа што никој нема право да ни го одземе правото на урбанизација на земјиште на кое нема ни б од блато.
Застануваме зад носењето на Генералниот урбанистички план што се однесува за овој дел од Охрид , затоа што со сегашниот кој е донесен во 2006 година, нашите имоти се блокирани во однос на остварувањето на нашите права за градба.
Затоа што на тој простор некогаш постоело блато со сегашниот Генерален урбанистички план, е предвидена строго заштитена зона иако години наназад не станува збор за постоење блатен простор.
Ние до сега неосновано на 80 % од површината не можеме да ги остваруваме нашите права за градба иако станува збор за нашил лични имоти. Факт е дека на овој простор блато од многу одамна не постои, оној мал дел за кој се вели дека е Блато е само ревитализација на некогашното блато.
На денешното излагање јасно беше кажано дека станува збор за површина од околу 70 хектари во која најголем дел е во приватна сопственост на жителите на населба Рача и на тие имоти нема никаква појава од блато но заради законот со кој целата површина од каналот кај хидробиолошки завод до реката “Рача“ беше прогласена за заштитена зона ние немавме право на градба и урбанизација на нашите приватни имоти за кои уште еднаш ќе напоменеме дека зафаќаат околу 50 хектари и таму нема блато.
Потсетуваме дека во изминативе 30 години блатото најпрво беше деградирано и уништено. Пред 30 години тука се изгради постоечката пешачка патека и од тогаш во континуитет сите изминати години тука се депонираше градежен отпад. Па би сакале да ги прашаме еколошките друштва каде беа тогаш да го заштитат блатото?“
Стои во соопштението од МЗ Рача и претседателоот Зоран Пазаркоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град