Сколари отпуштен од Челзи

Раководството на Челзи му врачи отказ на менаџерот Луис Фелипе Сколари, соопштува официјалниот сајт на клубот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Felipe Skolari
Фелипе Сколари

Раководството на Челзи му врачи отказ на менаџерот Луис Фелипе Сколари, соопштува официјалниот сајт на клубот.

Причината за отказот се слабите резултати на тимот на последните натпревари. Засега тимот ќе биде предводен од помошникот на Сколари, Реј Вилкинс.

„Луис Фелипе Сколари повеќе не е менаџер на тимот. Раководството на Челзи сака да му се заблагодари за досегашната соработка. Фелипе донесе многу позитивни струи во клубот и ние се чувствуваме малку разочарани од разделбата. Причина се лошите резултати и неисполнување на зацртаните цели од стартот на сезоната. Веќе сме во потрага по нов менаџер и се надеваме дека во најскоро време ќе гонајдеме”, стои на официјалниот сајт на „сините”.

Felipe Skolari Сколари има 60 години и на клупата на Челзи дојде минатата година, пред околу седум месеци. Пред преземањето на кормилото на лондонскиот клуб, ги предводеше националните тимови на Бразил (2001-2002) и Португалија (2003-2008).

Главни фаворити за менаџерската фотелја на Челзи се тројца италијански тренери, Роберто Манчини, кој е без ангажман, Џанфранко Ѕола од Вест Хем и Роберто Ди Матео од МК Донс.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top