Преку протест ќе ги бараат своите права. Ова е одлучено на состанокот одржан пред шест дена во Скопје.
Преку протест ќе ги бараат своите права. Ова е одлучено на состанокот одржан пред шест дена во Скопје.
„Унијата на Здруженија“ на граѓани со нерешен работен статус ги задолжува сите претседатели на градските ограноци, да го организиираат своето членство за протести пред собранието и пред владта на Р.М.
Според Иван Николоски, долгогодишниот транзиционен период и приватизацијата на државните предпријатија, доведуваат голем дел од работниците да останат на улица. Тој додава дека сега за сега се планирани мирни протести, но доколку Владата остане глува на нивните барања, подготвени се да преземат и порадикални мерки.
Решавањето на нивниот социјален статус со донесувањето на последниот закон за работни односи, не е регулиран, додава тој. За таа цел вечрва се организира вонредно собрание на која главна точка е известување на своето членство и донесување на одлука за планираните протести.
Со досегашните мерки, се предвидува парична помош во висина од 5 000 денари. Не доделувањето на овие средства е уште една причина за револт кај стечајните работници.
Протестите се планира да бидат одржани во среда на 18.02 и тоа пред собранието на владата на Р.М.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град