Охридскиот народен театар работи со полна пареа

Март, месец на театарот. Во охридскиот народен театар се работи со засилен интензитет. Се подготвуваат нови престави, а за летово се најавуваат голем број новини. Турбулентните времиња остабнаа зад нас, вели раководителот Горан Стојаноски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
teatar
театар

Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.

Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната порака, вели раководителот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.престава

Репертоарот во април и мај ќе биде доста набиен  бидејќи планирано е да излезе уште една престава. Во мај планирано е екипата на охридскиот театар да почне да работи со Нела Витошевиќ, позната режисерка од ..Во текот на летото ќе се реализира проектот Псалми на Горан Трајкоски што е приказна за последниот охридски архиепископ. Има идеа во текот на летото да се направат и неколку позабавни престави кои ќе се играат на отворена сцена, а ќе се продлабочи и соработката со Охридско лето. prestavaПланирано е во рамките на овој реномиран фестивал, народниот театар да го промовира својот репертоар. Тоа би значело дека на пропагандниот материјал од Охридско лето ќе стои и репертоарот на театарот како понуда за њубителите на театарската уметност.

Ако нема вмрежување меѓу културните институции не би можеле успешно да функционираме. Среќен сум што одлично соработуваме со овој фестивал па тоа ќе вроди и со конкретни резултати. Ние не сме никаква конкуренција, напротив се надополнуваме едни со други, вели Стојаноски.

Раководителот на охридскиот театар вели дека за реализација на сите зацртани проекти потребни се пари кои за среќа ги добиле од Министерството за култура. Кажува дека еден театарски проект чини од 500 000ден. до еден милион денари. Стојаноски е задоволен од екипата со која работи бидејќи сега е комплетирана одкога неодамна во театарот се вработија двајца режисери, двајца драматурзи и двајца актери. Комплетиран е и техничкиот персонал, а сега се работи на подобрување на просторните услови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top