Презентацијата на саеми преку закуп на штандови застарена форма на презентација, сметаат туристичките работници од градов. Тие бараат локалната и државата да изнајдат нови начини за привлекување гости во регионов. Од локалната тврдат дека веќе сериозно работат на тоа. Последниот саем во Белград бил добар показател дека работите во туристичката промоција се менуваат.
Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со плод.
Речиси никој не склучил договор на саем. Сите меѓународни договори кои ги клучуваме партнерски седнуваме на маса разговараме и се договараме. На штандовите по саемите само се купуваат аранжмани, вели сопственикот на хотел Климетица, Љупчо Цветаноски.
Цветаноски кажува дека нашиот пазар и цените кои се нудат се доста интересни за странските гости, но треба добро да се изрекламираме. Тој додава дека нема време за чекање бидејќу со осмомартовскиот викенд на некој начин започна новата туристичка сезона.
Еве еден апел до институциите. Да донесат во градов повеќе туроператори на кои ние хотелиерите ќе им бидеме добри домакини па да им презентираме се што имаме, од сместувачки капацитети па до природни убавини. После ваквата посета сигурен сум дека најголем дел од нас ќе склучат и конкретни договори, вели Цветаноски.
Од Локалната се согласуваат со ваквиот начин на размислување на охридските хотелиери. Од таму велат дека на последниот саем во Белград кој се одржа пред две недели наместо да закупи штанд, организирала Охридски вечери. Велат дека ова е новата стратегија со која Охрид ќе се промовира бдејќи самостоен закуп на брендиран штанд на саемска манифестација финансиски чини многу пари, организирањето на Охридска вечер со директни промоции за таргет групи од финансиски аспект е подостапно, аи покорисно, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Тлер. Охрид во наредниов период ќе се промовира со организирање на Охридска вечер во повеќе европски градови како што се Брисел, Москва, Загреб, Љубљана, Истанбул, Измир. Од ТЛЕР ветуваат дека сериозно ќе поработат и на тоа во градов да донесат туроператори од повеќе странски договори кои би се запознале со неговите убавини што ќе биде провокација за склучување на повеќе аранжмани ко би се реализирале од мај до октомври.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град