Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени

Грозданов денеска беше на средба со охриѓани на која беа отворени многу теми меѓу кои и решавањето на проблемите на граѓаните кои имаат станови од акционерското друштво по однос на Законот за домување.

 |  Мишел Наумоски  | 
stanovi
станови

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на хиперпродукцијата на станови во Охрид од изминатиов период.

prodazba stanovi„Целта на акционерското друштво е да претставува на некој начин регулатор на цената или некој вид на барометар на движењето на цената, градежната цена во Охрид, и во Македонија. Па сметам дека и другите компании, поточно другите правни субјекти ќе го следат трендот на нашето друштво и ќе ги намалат становите за да се постигне една реална цена каде би можело граѓаните да си дозволат да купат еден ваков стан.“-вели директорот на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

Денешната средба со охриѓани, Грозданов ја искористи и да апелира до граѓаните кои живеат во општествени станови, а немаат решен статус, што поскоро да поднесат барање за закуп или откуп на истите.

opstestveni stanovi„Од општествените станови, имаме 30 станови кои се наоѓале во Охрид, а од кои десет стана се во времените објекти или во бараките на „Железничка“. Би сакал да апелирам до овие граѓани дека рокот за поднесување на барањата, за исполнување на граѓанската обврска, односно стекнување со право или решавање на правниот статус на овие граѓани и нивните станови, би требало да завршат согласно законот до 31ви Март. Сите оние кои што нема да поднесат барање дали ќе биде тоа за закуп или откуп до 31ви март, ќе треба да постапиме согласно законот, поточно ќе бидеме приморани да ги иселиме.“-рече Грозданов.

Инаку покрај 40те комерцијални станови на акционерското друштво, тие во своја сопственост имаат и 7 стана кои ги наследиле од претходни сопственици кои не можеле да ги исплатат. Овие станови ќе ги продаваат откако ќе биде проценета нивната вредност. Грозданов потенцира дека во охридско-струшкиот регион, побарувачката за станови веќе извесен период се намалува и нема интерес за изградба на нови станови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top