Зимско село и ски центар на Јабланица во Вевчани

На планината Јабланица каде што треба да биде изграден вевчанскиот ски центар, планирано е да никне и зимско село со дрвени куќарки за сместување на гости. Годинава општина Вевчани очекува зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот и отпочнување преговори со идните инвеститори.

 |  Николоска Биљана  | 
vevcani
вевчани

vevcaniЗимско село и ски центар на планината Јабланица ќе никне во месноста викана „Јанков Камен“ во Вевчани.  Градоначалникот Цветомир Угриноски годинава очекува Владата на Р Македонија да даде зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот кој го изработува француска фирма. Како што нагласи Угриноски, физибилити студијата покажала одлична подлога изградба на преку 30 скијачки патеки на само 3,5 километри од селото каде ќе можат да скијат околу 4 500 луѓе.

„Поволно е што таму има езеро и многу извори така да и кога нема снег во мај и октомври може да се прави вештачки снег. Проблемот е на многу места затоа што немаат вода и прават вештачки езера ние го немаме тој проблем, значи сезоната наместо 5 месеци м оже да се продолжи 7 месеци“ – изјави Угриноски.

vevcaniИнтересот за реализација на овој капителен проект бил огромен посебно кај странските инвеститори, нагласува Угриноски. Предвидено било да се градат и луксузни хотели и сместувачки капацитети од пониска категорија, со три или четири ѕвезди, во еден комплекс т.н зимско село со типизирани дрвени куќарки за комотно сместување на гостите, кое пак би било лоцирано меѓу Вевчани и скијачките терени, додава градоначалникот Угриноски.

 „Овде беа дојдени заинтересирани инвеститори од Русија, Бугарија а најмногу, веќе по трет пат доаѓаат словаците, беше и словачкиот амбасадор во РМ пред 10 дена, дојде и газдата од „Татра лифт“, тие ги изработуваат тие жичари и лифтови и во мај најавија уште едно доаѓање – вели Угриноски.

Во наредниве месеци Угриноски очекува целата документација да биде комплетирана како би можеле да отпочнат преговорите за изградба на скијачките терени. Тој се надева дека за две години, односно до крајот на неговиот мандат да се постават темелите на ски центарот а за останатото ќе треба време, бидејќи според него изградба на модерен ски центар ќе се одвива неколку години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top