Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 февруари 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16.00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
На 28 март 2015 февруари (сабота), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
На 1 март 2015 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град