Пред венчавка, во брачно советувалиште. Покрај државата, и црквата почувствува дека младите, пред да ги круниса пред Бога, треба да ги запознае со она што го носи брачниот живот.
Пред венчавка, во брачно советувалиште. Покрај државата, и црквата почувствува дека младите, пред да ги круниса пред Бога, треба да ги запознае со она што го носи брачниот живот. Во склоп на црквата, отворена канцеларија брачно советувалиште.
Оваа канцеларија – брачно советувалиште, од неодамна започна со работа во црквата Св. Ѓоргија. Идејата на црквата е социјалните работници да ги советуваат и подготват идните брачни парови за она што ги очекува во новонастанатата животна средина.
Свештените лица почувствувале потреба од ваква канцеларија, вели Лазареска. Младите се повеќе сакаат да слушнат нешто за бракот, пред и самите да стапат во таква заедница. Брачното советувалиште е заеднички проект на Православната и Католичката црква. Тоа на младите им е достапно нон-стоп.
До неодамна, сите млади брачни парови беа обврзани со закон, пред да се венчаат да посетуваат брачно советувалиште, кое делува во склоп на Центарот за социјални грижи. Од сега, совети ќе можат да побараат и во новоотворената канцеларија.
Покрај брачно советувалиште, во црквата св. Ѓоргија се одржуваат и брачни викенди. Станува збор за семинарски предавања за комуникација во бракот и семејството. Овие средби, велат социјалните работници, ќе помагнат да станете поискрени и поотворени, со што во семејството ќе создадете подобра и почовечна атмосфера во која ќе растат и ќе се воспитуваат вашите деца. Брачните викенди ги водат стручно оспособени брачни двојки и еден свештеник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град