• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Иако од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување тврдеа дека четири приватни здравствени установи во Охрид по фондовски цени и со упат од матичен ги прават овие анализи вистината е малку поинаква.

 |  Мишел Наумоски  | 
tiroksin
тироксин

Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени?

ispituvanja tiroksinВо вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар.

Револтирани пациенти реагираат дека ситуацијата не е таква, односно дека не сите од наведените приватни здравствени установи испитувањата на тироксинот ги прават со упат од матичен лекар и по фондовски цени. ТВМ истражуваше на оваа тема. Дојдовме до сознанија дека  Фондот за здравствено осигурување на Македонија, направил проширување на примарниот пакет анализи содржани во упатниот образец ЛУ 1.

laboratorii tiroksinСо тоа со лекарски упат од матичен лекар 1, на листата биле додадени  испитувања  за: Глукоза толеранс тест, гликозиран хемоглобин и Тиреостимулирачкиот хормон или тироксинот.

Меѓутоа, од Фондот наложиле, ваквите дополнителни испитувања да можат да ги прават само оние приватни здравствени установи кои имаат вработен специјалист по медицинска биохемија или фармацевт специјалист по медицинска биохемија. Сепак на листата на приватни установи кои имаат ваков вработен, фигурираат само седум установи во целата република. Во Охрид, ваква приватна здравствена установа која има персонал и договор со фондот за испитување на тироксин со упат од матичен и по фондовски цени е само една, а не четири како што тврдеа од подрачното одделение на Фондот за здравство. Станува збор за лабораторијата „Сонце“.

Тоа може да се види од известувањето од ФЗОМ од 6 февруари 2015 каде на листата фигурира само лабораторијата Сонце од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top