Лоцирани инволвираните во последните тепачки во Нико Нестор

СВР Охрид ги расветли двата случаи на нарушување на јавниот ред и мир.

 |  Билјана Колоска  | 
tabla
табла

Расветлен случајот околу последните тепачки во струшкиот средношколски центар. СВР Охрид поднесе три прекршочни пријави за нарушен јавен ред и мир на ден 21.01 оваа година. Две пријави се за лица-ученици во средношколскиот центар за предизвикан физички напад, и една прекршочна пријава за вкупно 15 лица за учество во тепачка. Од СВР-Охрид информираат дека, при нивните активности констатирано е дека 3 лица од посочените 15 не биле ученици во училиштето.

„Главна причина за ова нарушување е тепачката од претходниот ден, случена во близина на училиштето. Тоа било при завршувањето на наставата околу 18 часот и тоа во близина на „Старата пожарна“. Овој настан во ПС не е пријавен“-информира портпаролот Стефан Димоски.

Niko NestorСвр Охрид превзеде мерки и за расветлување на случајот со тепачката помеѓу ученици, која се случи на 4-ти овој месец.  Полициските служби ги лоцираа учесниците и против 2 лица е поднесена прекршочна  пријава за извршен напад. Околу расветлување на двата настани, полициските единици од Охрид и Струга превземаа различни мерки.

„Беа извршени разговори со повеќе ученици од училиштата  во присуство на родители, професори и други надлежни“-вели  Димоски.

СВР Охрид и Полициската станица во Струга и во иднина ќе превземаат дополнителни активности со цел елиминирање на сите можности за повторување на ваквите или слични настани.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top