Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид, има оштетувања.
Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид, има оштетувања.
Градоначалникот Никола Бакрачески по извршените консултации со стручните служби од општината , издаде наредба за санација на мостот веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови.
Причината за позначителните оштетувања на Алтанин мост,стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на река Сатеска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот.
Надлежните лица од Секторот за комунални дејности при општина Охрид и Кризниот штаб за справување со поплавите будно ја следат секоја ново настаната ситуација и преземаат соодветни мерки за полесно справување со последиците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град