Годинешниот лауреат, Славе Банар вели дека во своето творење тој само постапил по чекорите кои ги гледел целиот свој живот, чекорите на големиот Григор Прличев.
Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми.
Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот.
„Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето туку најсреќен ми беше моментот што успеав по малку да се приберам до сиот оној поетски здив кој што Прличев му го пренесе на Охрид, на езерото и кој овозможи да опстануваме како народ, како луѓе кои што имаат благослов да живеат под ваква убавина.“-вели добитникот на наградата „Григор Прличев“ за 2014та, Славе Банар.
Од жири комисијата велат дека „Амбар“ е поема за која едногласно се одлучиле и дека станува збор за поема која има впечатливи поетски слики и која претставува обид помеѓу класичното и модерното.
„Поемата се обидува да направи еден фундаментален широк заграб и наспроти романтичарското опејување на она за навек загубено рурално време на опстојување на македонската заедница кое е така во класични стихови испеано се појавува времето наспроти него во дисонантни стихови и со скалести стихови времето откако Македонија почнува самата да ја испишува својата историја, еден период од 70ина години и проследени се периодот на социјалистичката изградба и во завршното пеење, тековниот ден.“-рече претседателката на жири комисијата, Наташа Аврамовска.
Според директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски, наградата „Григор Прличев“ е мотив и поттик за афирмација на литературното творештво и поттик за нови наслови во Македонија.
„Самите дела, нивниот поетски печат, сведочат за еден континиуитет на следење на Прличевата естетика исполнета со специфични поетски слики, евокации на македонскиот бит, епско-лиричен ритам. Сите тие стремат да станат достојни следбеници на македонскиот Хомер и за нас како институција претставува огромна чест да ја врачуваме оваа награда на најдобрите. Особено е голема чест и задоволство што оваа година, награденото дело доаѓа од перото на нашиот сограѓанин, почитуваниот, поет, писател и универзитетски професор, Славе Банар.“-изјави директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски.
Инаку во рамките на свеченоста настапи и хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа читани и делови од наградената поема „Амбар“. Во рамки на програмата, беше отворена и изложба со избор фотографии од колекцијата на Центарот за култура. По врачувањето на наградата за најдобра поема за 2014, беше отворен и конкурсот за 2015та година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град