Градоначалничката фотеља за општина Вевчани желно посакувана

Жестока битка ќе се води за градоначалничката фотеља  во општина Вевчани.

 |  Билјана Колоска  | 
Vevcani
Вевчани

Жестока битка ќе се води за градоначалничката фотеља  во општина Вевчани.

За претстојните локални избори за ова место, засега конкурираа 4 кандидати. ТВм неофицијално дознава дека во моментов како сериозни кандидати се јавуваат: Перо Илиески од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мурџески од СДСМ, Тихо Мурџески од ВМРО НАРОДНА и како независен кандидат е Васил Радиноски, актуелниот градоначалник. Вевчанци ни малку заинтересирани околу кандидатурата за градоначалник, единствено бараат подобра иднина за младите генерации.
Независниот кандидат и актуелен градоначалник, Васил Радиноски, ги собра потребните гласови за како што вели рекордно време, за само неколку часа. Со тоа,  тој ќе учествува во градоначалничката трка. Ќе се бори со  општината да раководи уште четири години.

Vasil RadinoskiВасил Радиноски, независниот кандидат за градоначалник вели оти е сигурен на уште еден мандат бидејќи во изминатиов период, тој и неговиот тим  воделе  политика која донела значајни промени и тоа во полза на Вевчани.
Конкурентите на Радиноски се со спротивен став. Велат, дека на  општината Вевчани и е потребна нова личност. Додаваат оти време е да се  направат нови проемни.

„На  општина Вевчани и треба нова свежина, да го добие својот концепт на мала и самостојна општина“-вели Перо Илиески, кандидат за градоначалник од  ВМРО ДПМНЕ. Затоа смета тој, дека на општината и треба нова личност која ќе  раководи со истата.

Инаку, на  актуелниот градоначалник Васил Радиноски, овај му е трет мандат како прв човек на општина Вевчани.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top