Локалната со бројачи на брзина ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот.
Локалната со бројачи на брзина ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот
На пресекот од Булевар Туристичка и улицата Даме Груев, локалната самоуправа пред три месеци постави два бројачи за мерење брзина на едно од покритичните места во градот. Советникот за сообраќај, Зоран Шикалоски вели дека на овој начин ги предупредуваат возачите доколку ја пречекорат дозволената брзина да ја усогласат со максимално дозволената. Од оделнието за собраќај при локалната самоуправа кои го организираат сообраќајниот режим во градот планираат на Булевар Туристичка да постават бројачи уште на неколку места. Шикалоски потенцира дека мерачите се софистицирана опрема и двата чинат околу 280.000 денари.
Сообраќајната полиција, исто така очекува позитивни резултати од поставените бројачи на брзина.Страшо Миленкоски, од СВР Охрид вели дека контролите кои ги прават покажуваат дека брзината која ја покажуваат бројачите е приближна со онаа која нивните патроли ја мерат на овој дел од патот.Тоа покажува дека возачите се дисциплинирани и се придржуваат кон ограничената брзина на патот.
ТВМ во неколку наврати пишуваше за реакциите на жителите од оваа сообраќајница. Со петиција 180 жители бараа спас, за безбедност на како што ја нарекоа Крстосницата на смртта. Тие очекуваа решение за честите сообраќајни несреќи во кои жртви беа најчесто пешаци и велосипедисти. Велат дека овие бројачи одат кон подобрување на општата сообраќајна безбедност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град