Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка

Трета среќа за локалната за изградба на затворениот градски пазар по пат на јавно приватно партнерство. После двата неуспешни тендери, на третиот конечно заинтересирана фирма за реализација на договорот за изградба на пазарот.

 |  Мишел Наумоски  | 
pazar
пазар

Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен.

AD ILINDENДенес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.

„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да кажам дека согласно физибилити студијата, пред одржување на аукцијата за поднесување на конечни количини, економскиот оператор кој што денеска учествуваше на огласот, за општината понуди изградба на зелен пазар на приземјето во вкупна површина од 1233 метри квадратни, десет паркинг места во подземниот дел на граѓаниот простор и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат.“-вели Тони Иваноски, претседател на комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар.

komisija ponudi pazarИваноски вели дека комисијата дополнително ќе се состане на крајот на неделава со цел подетално разгледување на доставената документација односно оценување на исправноста на истата по што ќе биде донесена конечната одлука, дали ќе му допушти на економскиот оператор поднесување на конечна понуда согласно Законот за јавни набавки.

„По завршувањето на севкупната евалуација за оценување на доставената документација, со оглед дека економскиот оператор својата сериозност ја има докажано и со доставување на банкова гаранција во висина од 1 % од вкупната вредност на објектот, мислам дека Охрид во догледно време ќе може да се надева на изградба на еден современ зелен пазар и сите оние пропратни деловни простории кои што се потребни за ваков вид на објект.“-рече тој.

gradski pazarСпоред јавниот оглас кој локалната го објави на 26 Декември минатата година, проценетата вредност на административно деловно трговската зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар изнесува 203.059.346 денари или нешто повеќе од 3 милиони евра. Банкарската гаранција која економскиот оператор ја доставил пак изнесува 2.030.593 денари или околу 30 илјади евра. Истата, доколку ја повлече понудата, нема да му биде вратена. Инаку, по пропаѓањето на вториот повик, општината најави измена на физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид, со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект. Градоначалникот Бакрачески, после вториот пропаднат тендер, вети дека овој проект ќе го реализира до крајот на неговиот мандат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top