• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Активот на директори на училишта дискутираше за проблемите и предизвиците на образовните установи

Активот на директори на училишта дискутираше за проблемите и предизвиците на образовните установи

Сите предуслови за започнување на второто полугодие во оваа учебна година се исполнети. На денешната средба на активот на директори од основните и средните училишта во градов беше констатирано дека нема некои поголеми проблеми во функционирањето на образовните институции што би го спречиле навременото започнување на наставата. Вторник е првиот училишен ден за основците и средношколците.

 |  Мишел Наумоски  | 
sostanok direktori skoli
состанок директори школи

Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.

direktori osnovni„На ниво на град имаме многу добра комуникација со сите директори. Сите проблеми што ги имаме, ги истакнуваме на тие состаноци и брзо ги решаваме. Во однос на актуелноста на прашањето во вторник, во сите училишта, наставата ќе си се одвива непречено и сите родители ги известуваме дека училиштата ќе бидат отворени, дека слободно може да си ги донесат своите ученици.“-вели претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски.

Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека функционирањето на активот на директори и нивните редовни состаноци се одлична алатка за координација и решавање на сите проблеми во образовните институции од градов.

aktiv na direktori„Онаму каде што е потребно вклучување на општината, секако дека тие не известуваат на овие средби, тековни проблеми секако дека има, имавме определени дефекти, пред се на системите за парно греење настанати како резултат на невремето кое што го зафати Охрид во периодот на новогодишните празници, но тие се тековни проблеми и тие се веќе отстранети така што наставата може да започне успешно. Секако дека разговараме за одредени капитални инвестиции, во тек се процесите за легализација на објектите на основните и средните училишта, нивно упишување во катастар, онаа целокупна потребна документација, согласно закон, елаборати, слични документи, секако дека ги водоме тие процеси заедно со директорите.“-изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Секретарот Спасески воедно истакна дека се задоволни од работата на директорите и во основните и средните училишта, и им посака успех на учениците во второто полугодие од оваа учебна година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top