Во јужна Каролина се разгледува можноста за тужба против носителот на осум златни пливачки олимписки медали.
Носителот на осум олимписки златни медали во Пекинг, Американецот Мајкл Фелп, поради употребата на марихуана можеби ја избега казната од страна на Меѓународниот олимписки комитет, но не и од државата Јужна Каролина. Леон Лот шериф на округот најави дека ќе се разгледа можноста за покренување тужба против Фелпс.
“Доколку тоа го докажеме ние ќе го тужиме Фелпс. Не можеме да останеме неми или да велиме “простете“ и да го заборавиме. Тој го прекрши законот и ние ако докажеме дека употребил марихуана во Ричланд, тогаш ќе го тужиме.“
Марихуаната е забранета во округот Ричланд и се казнува со 30 денови затвор или парична казна од 570 американски долари. И факултетот во Јужна Каролина во чиј кампус е фотографиран Фелпс ќе покрене тужба против светскиот пливач. Казна за него најавија и од Олимпискиот комитет на САД.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град