Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“.
Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани.
Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди односно повреди во пределот на левото колено и левата рака. Веднаш потоа избегал од местото на настанот.
По целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град