ЛЕР го промовираше проектот за Развој на руралниот туризам.
Конечно локалната самоуправа ја пронајде својата стратегија за развој на руралниот туризам, велат стручните лица.Туристички промотивен филм и пропагандниот матријал и тоа како ќе им биде од полза на туристичките работници.
Секторот за локален економски развој конечно се разработи. Се истакнаа луѓето, кои од денес прикажаното, покажаа дека и во овој сектор имало кадар што си ја знае својата работа. Денес беа презентирани резултатите од 4 месечниот проект „Руралниот развој и развој на руралниот туризам во општините Охрид и Дебарца“. Проектот чини 20 000 евра, а е финансиран од ОПСЕ.
„Ако гледате 12 до 14 години наназад руралниот туризам е најбрзо растечка гранка во туристичката свера, вели Горан Мицковски, дел од тимот кои го изработија и реализираа проектот“.
На средбите со локалното население наидовме на голема заинтересираност од нивна страна, и желба да се занимаваат со туризам, вели Мицковски. Голем дел од нив или веќе имаат искуство или сакаат да се занимаваат со туризам, додава тој. Изработени се 10 информативни табли кои ќе бидат поставени на карактеристични места и ќе покриваат 5 до 10 селски заедници.„Целиот проект е изведен на професионален начин. Можам да кажам дека за прв пат во Македонија имаме мошне издржан проект, рече Науме Мариноски“, професор на ФТУ.
И градоначалниците на Охрид и Дебрца задоволни од проектот.
„Се она што е како проект направено, сега на терен треба да го спроведеме, рече градоначалникот Александар Петрески. „Убеден сум дека се ова што е направено е направено квалитетно, професионално и убеден сум дека по овој производ ќе следуваат многу повеќе туристи , рече Петрески.
Штета што на денешната презентација, не присуствуваше раководителот на секторот Гоце Симоноски за да ги слушне пофалбите од присутните за изработениот проект. Првиот човек на секторот бил на службено патување во Германија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град