Кривична за стружанец кој се заканувал со оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга. Основниот суд Струга него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

полициска станицљаНа 9-ти овој месец,  пријавениот на жител на селото Мислешево му вперил огнено оружје-пиштол во пределот на вратот и стомакот и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него а потоа и неговиот син. Настанот се случил во 17 часот и 20 минути во дворот на оштетениот жител на струшкото село Мислешево каде пристигнал сега притворениот. Тој започнал вербална расправија по што од појасот го извадил пиштолот што нелегално го поседувал и му го вперил најнапред во вратот а потоа и во стомакот. Притоа тој се заканал дека ќе го убие  оштетениот и неговиот син кој претходно во расправија го удрил синот на пријавениот.

Откако оштетениот му кажал на пријавениот дека неговиот син бил на работа, пријавениот си заминал. Тој, со цел да ја расчисти ситуацијата околу 20 часот и 30 минути повторно пристигнал во домот на оштетениот од каде е приведен. Притоа Б.С. го фрлил пиштолот што било забележано од полициските службеници. Оружјето е одземено и констатирано е дека се работи за пиштол  марка „Перто Берета“ калибар 7,65 милиметри со една рамка, во репетирана состојба и со метак во цевка.

При извршен претрес,  во домот на притворениот Б.С. пронајдена е една малокалибарска пушка калибар 22 милиметри со оптички нишан која истиот нелегално ја поседувал.

Пиштолот и малокалибарската пушка се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top