На претстојните избори ќе настапат заедно со ВМРО ДПМНЕ но под услов, советничката листа да биде мешана.
Ако кандидат за градоначалник биде од ВМРО ДПМНЕ тогаш носител на советничката листа да биде од СДСМ. Вмровците ќе размислат за ова.
Струшката организација на СДСМ официјално нема да истакне кандидат за градоначалник од оваа партија, велат високи партиски извори за ТВМ. Тоа не значи дека се откажуваме од трката во овие избори, додаваат од СДСМ. Најавија дека за претстојните избори ќе се залагаат за граѓанска кампања. Тоа би била опција со која би донела победа во Струга. Наши извори велат дека од тами, пројавиле интерес да соработува со ВМРО ДПМНЕ но под услов. Советничката листа да биде исполнета со кандидати од двете политички партии.
Кандидат за градоначалник да биде од едната партија додека носител на советничката листа да биде од друга. Доколку ВМРО ДПМНЕ ги прифати овие критериуми, тогаш дополнително се очекуваат преговори помеѓу двете партии. Ако на претстојните избори двете партии настапат заеднички, од СДСМ очекуваат на градоначалничката фотеља да седне градоначалник македонец. Предлог на СДСМ ќе биде на разгледување, велат од ВМРО ДПМНЕ. Засега не излегуваат со никаков став околу ова. Уште еднаш им се заблагодаруваат на членовите на СДСМ што го одржуваат ветувањето оти нема да истакнат свој кандидат за градоначалник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град