Златната маска и нараквицата конечно во Охрид

Златната маска и нараквицата ставени пред охридската и пошироката јавност. Охрид конечно ја доби долго најавуваната „Златна соба“. Сите експонати кои се дел од неа се презентирани и стручно обработени во репрезентативен каталог, насловен „Златото на Лихнитида“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zlatna maska
златна маска

 

Охрид конечно ја доби долго најавуваната Златна соба. После дванаесет години интензивна работа на стручните тимови, непроценливото движно богатство откриено на ледината кај Горна порта, златната маска и златната нараквица се сместени во куќата на Робевци и ќе можат да ги видат охриѓани и пошироката јавност. златна собаСе работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат целиот цивилизациски континуитет на овие простори. Постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“ денеска ја промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека се работи за исклучително значаен проект за македонската култура, резултат на долгогодишните, интензивни и мошне посветени археолошки и научни истражувања на богатството на локалитетите во охридскиот регион.promocija

Златната одаја која денес ја промовиравме е дел од еден исклучително значаен проект  за отварање на нови музејски поставки и обнова на постојните збирки кои го прикажуваат културното богатство  на цели теритотии на РМ, рече министерката.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека оваа постојана музејска поставка во Куќата на Робевци ќе биде од големо значење за градов. Додаде дека е среќен што оригиналната маска и нараквица остануваат засекогаш во Охрид каде и што припаѓаат.

Овие вредни артефакти засекогаш остануваат во Охрид и тие ќе бидат дел од туристичката понуда на градов. Ќе имаме со што да се пофалиме пред странските туристи, рече Бакрачески.

Сите експонати кои се дел од „Златната соба“ се презентирани и стручно обработени во репрезентативен каталог, насловен „Златото на Лихнитида“. Авторите на каталогот, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман, на повеќе од 300 страници низ текст и фотографии, со аргументи и факти научно ја овековечуваат историјата на вредните предмети. Каталогот денеска го промовираше академик Вера Битракова-Грозданова.каталог

Секој археолог кога во ископувањата ќе открие нешто ново многу се радува, но кога ќе се откријат златни предмети тоа навистина претставува огромна радост. Не поради тежината на златото која може да биде и минимална, туку поради пораката којашто тие предмети на трајноста ни ја оставаат. Познато е колку желбата за китење со накит во човековата преокупација зазема значајно место. Златото го отсликува животот на едно време, моќта, благостостојбата, економијата, трговијата и релациите со подалечните простори и цивилизации. Тоа има и други пораки како материјал на трајноста и вечноста. Затоа прапретците од Требеништа беа погребувани со златни маски, покриени со златни листови, златни ракавици и накит како херои кои треба да останат да живеат во вечноста, изјави академик Битракова-Грозданова.

Каталогот денес можеше да се купи по промотивна цена од 1500 ден., а инаку ќе чини 3000 ден.
Инаку, просторијата во која е изложена златната маска и нараквицата  е максимално обезбедена со најсовремена апаратура за заштита што беше еден од условите за излагање на овие непроценливи експонати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top