Лајонс клубот „Охрид“ заедно со стоматолошките ординации „Д-р Сашо Стоев“ и „Денториа“ ја организираат оваа акција во духот на годинешното мото на лајонсите „Да изнудиме насмевка“.
Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите.
„Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично како правилно ги четкаат забите. Практично тоа им го покажавме на децата и на крајот на целава оваа обука ќе им дадеме по еден подарок за секое дете ќе има по неколку пасти и четки за целата фамилија.“-рече д-р Ертан Омеров-стоматолошка ординација „Денториа“.
„Лајонс клубот Охрид покрај другите активности има годинава и повеќе дејности, грижа за младите, грижа за животната средина, грижа за немоќните. Покрај тоа, нашето лого и мото годинава е „Да изнудиме насмевка“, а насмевка ќе изнудиме кај децата со здрави заби.“-вели претседателот на Лајонс клуб „Охрид“, Климе Шешоски.
Шешоски потенцираше дека Лајонс клубот „Охрид“ и понатака ќе продолжи со грижата за најмладите, а изрази надеж дека наредната година ќе има уште повеќе вакви акции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град