Работниците од Емо повторно со демонстративен марш низ охридските улици

Работниците од Емо повторно со демонстративен марш низ охридските улици.

 |  Јаковлева Лионела  | 
емо
емо

Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите  барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од  владата да го  реши нивниот егзистенцијален  проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој  се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се  оглушуваат  сите институции па дури и национални  медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше  дел од штрајкувачите.   
емо
„30 години имам стаж, а немам денар. 30 плати неисплатени како ќе живееме со деца сме. Ние го гласавме Груески нека слези да не чуе, тоа е  државна фирма,“истакна Настоски.

Претседателот на синдикатот на производство ЕМО  Миле Крстаноски уште еднаш потсети на проблемите кои ги мачат вработените во ЕМО заради кој се одлучиле повторно на денешниот простест.

Во меѓувреме оствариле средба со Министерот за економија, му ги пренесле нивните маки и негативностите кои менаџерите на ЕМО ги превземаат за разнебитување на имотот на фирмата, укажува претседателот на синдикатот на Емо производство, Миле Крстаноски.
емо
„ Најави дека ќе формира група за да ги испита  случувањата во ЕМО во петокот требаше да ги соопштат резултатите, но до денес нема никава информација“, појаснува Крстаноски.

Претседателот на синдикатот на ЕМО – производство, Миле Крстаноски, најави  нов протест пред Владата во Скопје доколку до 25 овој месец нивниот статус не биде решен.
 

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top