Ова е ставот на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. За државниот испит досега негативно се произнеле повеќе од дваесетина високообразовни институции од земјава.
Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование.
Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог.
„Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство имаше наставнички совет на тоа прашање, се разбира дека имаме став и во еден документ од три страни ги дадовме сите забелешки, позитивни и негативни по однос на нашето мислење. Генерално, сметаме дека било какво тестирање треба да биде после дипломирањето на завршените студенти, а тоа да не го спречува нивното дипломирање. Тоа е генералниот став, кој го доставивме до Универзитетот кој понатака треба да го проследи.“-рече професор д-р Сашо Коруновски-Декан на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Инаку предложената измена на Законот за Високо образование во врска со државниот испит , досега не ја подржале околу 20тина универзитети, факултети или институти . Официјалниот став на Студентскиот пленум кој ги организираше масовните студентски протести против државниот испит на факултетите е дека доколку нема никакво позитивно поместување можни се нови протести и бојкот на наставата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град