СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги, истата во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LCD.
Поради тоа, до Министерството за здравство на Република Македонија ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани псиготропни супстанции и опојни дроги.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град