Дали поради отстранувањето на времените објекти ќе згснат многу семејни бизниси

Од времените објекти на атрактивни локации во центарот на Охрид 70% се отстранети. Сопствениците на оние објекти кои сеуште работат се во неизвесност дали тие се вклопуваат во урабинистичките планови или и тие ќе бидат отстранети. Во меѓувреме Стручните служби од локалната ја изготвиле програмата за поставување времени објекти  и истата треба да добие согласност од Министерството за транспорт и врски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tezgi
тезги

Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле затворени. Други пак се во голема неизвесност и не знаат каква ќе биде судбината на објектот во кој веќе дваесетина години ја обавуваат својата дејност. Од Локалната се децидни дека порано или подоцна сите времени објекти ќе бидат vremen objektотстранети. Објаснуваат дека оние кои не се вклопувале во развојната програма за урбанизам за наредната година биле отстранети први, а останатите кои не пречат на урбанистичкиот план ќе бидат отстранети подоцна. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека не ги заборавиле граѓаните кои vremen objektдолги години својата дејност ја обавувале во ваков времен објект. Тој се надева дека за скоро време локалната ќе им понуди решение, а тоа е нов времен објект на некоја друга локација.

Изготвена е програма за поставување на времени објекти која е дадена на согласност  во Министерството за транспорт и врски и веднаш по нејзиното одобрување  ќе бидат поставени  времени објекти согласно  правилникот кој е изработен од страна на министерството за транспорт и врски и стручните служби на локалната самоуправа според точно утврдени правила на игра кои ќе мора да ги испочитуваат идните сопственици, рече градоначалникот.

Но, дел од сопствениците на сегашните времени објекти коментираа дека добро ќе размислат дали би прифатиле ваква понуда бидејќи условите кои ќе им ги понуди локалната за нив може да бидат неприфатливи, а и новите локации може да бидат економски неоправдани. Тие велат дека по се изгледа нивните долгогодишни бизниси ќе згаснат.
Инаку, во Охрид имаше 107 времени објекти од кои 70% веќе се отстранети. Со која динамика ќе се одвива оваа акција на локалната никој со сигурност не знае да каже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top