На предлог од граѓаните, деновиве и охридските еколози предложија своја листа на советници.
На предлог од граѓаните, деновиве и охридските еколози предложија своја листа на советници.
Проблемите кои досега се актуелизираа преку медиумите, во иднина да се разгледуваат во општинскиот совет е нивната заложба. Во тек е постапка за собирање на подписи.„ На овој начин, еколошките друштва ќе бидат вклучени во решавање на еколошките проблеми“
Еколозите немаат цел да се инволвираат во политичките случувања, туку да ги застапуваат интересите на граѓаните во областа на еокологијата. За таа цел на листата советници, се предложени луѓе, кои во минатото активно се занимаваат со активности на тоа поле. Носител на листата е претседателот на еколошкото друштво „Грашница“, Борче Стојаноски.
Бројот на поднесени независни листи за советници се држи во тајна. Во среда се очекува да се објави од министерството за правда точниот број на независни листи за советници. Крајниот рок за собирање на подписи, истекува утре во 24 часот.
Причината за држењето во тајнос на ваквите информации, е тоа што во текот на денот се очекува да се комплетира конечната бројка на листи за советници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град