Мал плоштад хортикултурно и партерно уреден ќе се прави во непосредна близина на основното музичко училиште. Во очи на големиот христијански празник Богојавление-Водици треба да биде пуштен во употреба.
Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид.
Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Малиот плоштад ќе содржи убаво уредени пешачки патеки, ќе е партерно и хортикултурно уреден, ќе биде осветлен со канделабри, ќе има странично и подно осветлување, а ќе се постават и детски реквизити.
Претпоставуваме дека со максимална ангажираност на сите ресурси кои ги имаме со максимален ангажман на јавните претпријатија до 19ти јануари во очи на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе имаме можност да го реализираме овој сериозен зафат кој опфаќа голем број активности, рече градоначалникот.
Бакрачески најави уште многу вакви проекти кои ќе се реализираат во наредната година, а посебен акцент стави на уредувањето на периферните делови од градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град