Реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на ВМРО НП

Конфузното соопштение на ВМРО- НП, во кое на контрадикторен  односно нејасен  начин се споменува името на ВМРО- ДПМНЕ  е уште еден доказ  зошто  оваа партија е на политичкото дно.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vmro dpmne
вмро дпмне

Очигледно  членовите од  ВНРО-НП не знаат што им се случува во родниот Охрид па затоа им укажуваме   дека   до сега постоечките тезги за продажба на честитки и новогодишни реквизити  уште во теков на денешниов ден се  заменуваат  со нови  дрвени, добро уредени и покриени. ВМРО- ДПМНЕ совмро дпмне доаѓањето на  локална власт  измени многу работи. Почитувајќи  ги законските правила и норми локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ   реализира многу проекти, се  градат патишта ,тротоари. Се гради фекална и атмосферска канализација.  Се градат плоштади, спортски терени и игралишта,  се  отвораат и реконструираат  детски градинки и училишта.  Дали овие  проекти  за ВМРО-НП  се идентични со  проектите кои буквално не постоеја     во време кога во Охрид   владееја    други политички структури и кога буквално ништо добро не се правеше за Охрид и охриѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top