Дали тезгите кај чинарот се грдото лице на Охрид?!
Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт.
После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за тезгите како што тоа го правеше во минатиот период кога беше опозиција во Охрид?! Дали и сега тезгите се срам за Охрид?!
Ова е една од илјадниците работи кои покажуваат дека ДПМНЕ ништо не променила со доаѓањето на власт во Охрид и дека критиките кои ги упатуваа како опозиција им биле само манипулирање со јавноста и собирање ситни дневно политички поени кај народот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град