Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот

Охрид и понатаму ќе го развива туризмот без стратегија. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та од ТЛЕР не побарале средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за изготвување на локална стратегија за развој на туризмот. Ќе чекаат стратегијата да им ја изработат странски експерти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
охрид
ohrid

Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та ТЛЕР не побара средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за оваа намена. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека стратегија ќе се прави, но чекаат во тоа да им помогнат странски експерти. Тој објаснува дека кога во посета на Охрид бил генералниот секретар на Светската туристичка асоцијација, Талеб Руфаи им ветил помош во изработката на една одржлива и квалитетна локална  стратегија.ohrid

Целта на странските експерти е не тие да ни ја изготват стратегијата туку да ни дадат совети и насоки во однос на начинот на подготовка на истата, вели Апостолов.

Раководителот вели дека и нареднава година продолжуват со активности кои се во насока на развојот на туризмот вклучувајќи ги тука сите чинители на туристичкото стопанство. Штом ќе бидат готови базичните податоци за изработка на стратегијата и штом се обучи стручен кадар ќе се започне со нејзина изработка, објаснува раководителот на ТЛЕР.охрид

На Охрид реално му е потребна стратегија но првенствено среднорочна од која ќе произлезе и краткорочната. Да бидеме реални општината со ваков нестабилен буџет не може да планира ниту да изготви долгорочна стратегија , вели Апостолов.

Колку стратегијата е важен документ потврдуваат и стручните лица. Проф. Др Науме Мариноски од ФТУ од Охрид вели дека без стратегија не може туризмот да се развива во позитивна насока бидејќи врз основа на овој општ акт се донесуваат голем број документи на  локално ниво кои и тоа како се потребни за развоја на оваа стопанска гранка, објаснува Мариноски. Тој апелира час поскоро да се изработи локалната стратегија и при тоа да се користат домашните, а не странските експерти бидејќи тие подобро ги знаат приликите во земјава и градов и можностите кои истите ги нудат. Потсетува дека во изготвувањето на националната стратегија која беше донесена 2009год. учествувале странски експерти па имало многу пропусти така што во 2011та била ревидирана со дополнување од наши туризмолози.
Инаку, Општина Охрид досега воопшто нема изготвено локална стратегија за развој на туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top