Густата магла го парализира авиосообраќајот

Откажани се над 10 полетувања од скопскиот аеродром Александар Велики, а не е помал ниту бројот на откажани слетувања на авиони од Истанбул, Цирих, Љубљана, Белград.

 |  Голабовски Крсте  | 
red letanje
ред летање

avionОткажани се над 10 полетувања од скопскиот аеродром Александар Велики, а не е помал ниту бројот на откажани слетувања на авиони од Истанбул, Цирих, Љубљана, Белград.

Два од вчерашните претпладневните летови од Виена до Скопје се пренасочени на охрискиот аеродром, а авион од Франкфурт ќе се приземји на приштинскиот аеродром. Од ТАВ ги советуваат патниците состојбата да ја следат на нивната официјална бев-страница, каде секој момент се ажурираат податоците за состојбата со летовите или пак да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложувањето или откажувањето на летовите.

Маглата е причина и за енормно високите количини на опасните пм 10 честички во воздухот. Најкритично е во Тетово, каде тие за осум пати ги надминале дозволените вредности. Во Скопје загадувањето на воздухот е највисоко во населбите Лисиче, Гази Баба, Карпош и во Центар. Концентрацијата на ПМ 10 честичките е најголема  во Лисиче, каде за околу шест пати ги надминува дозволените граници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top