Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Долгогодишната традиција на градба велат дека ја надополнуваат со секојдневно модернизирање на процесот на градба како и поседување на сите потребни сертификати за енергетска ефикасност и употреба на премиум материјали.

 |  Мишел Наумоски  | 
damboj iznenering
дамбој инженеринг

Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните станови, еве што најчесто прашуваат.

zgrada Abas Emin„Најмногу ги интересира цената, пред се цената е важен фактор, второ ги интересира и просторот, дали внатре користиш медијапански врати, блиндирани врати, ако немаш блиндирани врати малку се скептични луѓето, сакаат да биде што подобро, гледаат дали имаш ламинат, паркет внатре, со што е изградено и додека ги продаваме становите, додека не се изведени, нормално прашуваат, јас како архитект им приложувам кога ќе го правам проектот, им приложувам со какви материјали внатре ќе се работи, каков паркет, пресеци им се даваат на подоби и ги прикажуваме на купувачите за да знаат што ќе се прави додека се гради зградата.“-вели Благоја Карадакоски од градежната компанија „Дамбој инженеринг“.

Благоја вели дека „Дамбој инженеринг“ како градежна компанија веќе го применува концептот на енергетска ефикасност, со што се подготвени да ја исполнуваат обврската за поседување на сертификат за енергетска ефикасност кој од 1 јануари 2015та година ќе мора задолжително да се поседува.

zgrada Damboj inzenering„Јас како архитект, кога ќе го изготвам планот, треба да им кажам што треба да се користи, стиропор во подот, на сето тоа треба да се добие лиценца од друга странка, друга фирма. Се изготвува тоа, се проверува дали е во ред, па доколку е, се добива лиценца и потоа се разбира треба дасе гради така. Ако не го имаш тоа, не можеш да добиеш ни дозволи за градба ни ништо. Се разбира дека е убаво да се применува, затоа што како што се продаваат становите од 800 евра од метар квадратен на пример, и ти да не му направиш добра изолација. Нормално ако се грееш на струја, повеќе струја ќе трошиш, а вака се заштедува енергија. Ако надвор е ладно, внатре ќе е топло, ако имате добра изолација. Се разбира дека е добро затоа што се заштедуваат пари, секаде во странство тоа се прави.“-рече тој.

Освен во Охрид, „Дамбој инженеринг“ својот бизнис веќе го има проширено и во Битола. Таму, Благоја вели дека становите полесно им се продаваат. Инаку додека се во градба, становите ги продаваат по цена од 600 евра за метар квадратен или пак за 550 евра за метар квадратен ако се наоѓаат на поткровје. Во Охрид, засега најниската цена им изнесува 750 евра за метар квадратен, но почнувајќи од напролет, вели дека ќе градат зграда каде ќе одат со цена од 600 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top