Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr
свр

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово.

Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“-предмети што претставуваат културно наследство на Република Македонија.

albanski drzavjaninТешката кражба во манастирот е извршена околу два часот утрото откако претходно насилно и со подесен алат, сега притворениот А.Д.  го скршил цилиндарот од металната решеткаста врата и резето од помошната просторија. Тој потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста, манастирскиот печат, резбаното сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева и помал износ на парични средства. По извршувањето на тешката кражба, пријавениот А.Д. околу 03 часот е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола каде се обидел да бега со своето патничко моторно возило марка „Голф“ со албански национални ознаки.  

Против сега притворениот албански државјанин, полициската станица од Дебар во текот на март 2010 година има поднесено посебен извештај дека заедно со уште едно лице, го сториле кривичното дело криумчарење на икони и други предмети од културно наследство.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top