• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Делегација кинески новинари прво ќе се запознава, а потоа ќе пишува за убавините на Охрид

Делегација кинески новинари прво ќе се запознава, а потоа ќе пишува за убавините на Охрид

Новинарите по враќањето дома, ќе известуваат за туристичката понуда на Охрид и можностите за инвестирање во градов и земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid reportazi
охрид репортажи

Промотивни репортажи за Охрид ќе подготвува групата новинари од НР Кина која утрово пристигна во градов. Тие велат дека се воодушевени од убавината на езерото и богатото културно-историско наследство на Охрид. Сметаат дека она што ќе го претстават во нивните медиуми кога ќе се вратат во Кина, ќе предизвика голем интерес кај граѓаните на оваа азиска земја.

novinari kinaСпоред Рен Раи, уредник на најтиражниот весник од провинцијата Чунгчинг, оваа нивна посета ќе претставува еден мост во идната соработка помеѓу двете земји.

„Целта на нашата посета е на кинеските читатели, преку медиумите на кинеската јавност да ги презентираме соработката помеѓу двете земји, условите за инвестирање во Македонија како и презентирање на Охрид како туристичка дестинација. Ќе настојуваме по оваа посета што повеќе да пишуваме за Охрид, затоа дојдовме и лично да го посетиме градот.“-вели Рен Раи-уредник на „Чунгчинг Дејли“.

Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој, вели дека во наредниот период ќе има и други делегации од Кина дел од инвестициски, дел од туристички карактер.

reportazi Ohrid„Ние се надеваме дека со овие контакти кои денес ги остваривме се само еден почеток на она што следува во иднина и верувам дека ќе вродат со плод, со самото доаѓање на оваа делегација ние ќе им го презентираме градот во рамки на времето на нивниот престој и по тоа се надевам дека ќе имаме и дел од оние репортажи и во нивните телевизии и медиуми, електронски и пишани па така на еден поблизок начин ќе го промовираме Охрид во НР Кина“-рече Апостолов.

За претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска која во име на градоначалникот Бакрачески ја прими кинеската делегација, престојот на кинеските новинари е уште една можност да се претстави туристичката понуда на градот.

Chingqing„Ова е практично едно продолжение на активностите кои што претходеа на нашата посета на НР Кина кога имавме можност ваквата цел да ја реализираме низ директни средби со официјални претставници на градовите Далиан и Шенжен и секако да поканиме претставници на нивните туристички бироа на радиотелевизиската станица на Далиан и се надевам дека сите овие активности во крајна линија ќе резултираат со значајно зголемен број на туристи од Кина.“-изјави  Гордана Коњановска-Претседател на Совет на општина Охрид.

Инаку четиричлената делегација на новинари и претставник од одделот за меѓународна соработка доаѓаат од провинцијата Чунгчинг во југозападна Кина, провинција која има 30 милиони жители и со тоа е најнаселена општина во НР Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top