Tепачка со нож во Охрид

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr
свр

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.

логоНастанот се случил утрово околу 01 часот и 30 минути кога сега повредениот заедно со неговата сопруга пристигнале во домот на нивниот пријател . Сопственикот на куќата на сопругата на сега повредениот и дал бела хартија во која имало бела прашкаста материја на што реагирал сопругот, кој го оттурнал сопственикот на куќата по што настанала вербална меѓусебна расправија. Во обидот да си заминат од куќата, при слегување по скалите, сопственикот на куќата со мачета со должина од 40 сантиметри замавнал неколку пати кон сопругот и му ги нанел повредите по стомакот, левата рака и левиот образ.

СВР Охри го приведе лицето по што во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top