25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека тоа не е резултата на финансиската состојба во кој асе наоѓа претпријатието туку е дел од програмата за принуден одмор која претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред.
25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието се запознаени со спроведувањето на истата. Се наметна прашањето дали можеби ваквиот чекор се превзема поради лошата финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието.
Во никој случај. Претпријатието е во добра финансиска состојба. Оние проблеми кои беа актуелни на почетокот на минатата година веќе се санирани , почнавме редовно да го враќаме кредитот на Охридска банка, редовно се исплаќаат платите како и тековните обврски кон добавувачите, остана уште еден дел од извршните судски решенија, но и тоа ќе го решиме, вели Скрческа.
Од месец март претпријатиетио повторно почнува да работи со полна пареа и да се подготвуваат за наредната летна сезона. Сега „Комуналец“ засилено ќе е ангажиран за престојните новогодишни и божикнипразници како и за големиот христијански празник Водици.
Ние сме дел од она што значи уреден Охрид. Учествуваме во новогодишното украсување на градов , а задолжени сме и за неговата чистота за време на празниците кога во Охрид се очекуваат поголем број гости, кажа Скрческа.
ЈП „Комуналец“ ќе работи и на уредување на двата влеза на Охрид. На источниот влез веќе се направени некои хортикултурни зафати, посадена е трева, дрвца и цвеќеиња. Се чека идејно решение од Секторот за екологија при Локалната самоуправа за да се постапи според него, објаснува директорката на ова јавно претпријатие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град