Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева

Според градоначалникот Никола Бакрачески, со реализацијата на овој проект, решаваат нешто што се јавило како насушна потреба на охриѓани и охридските фудбалски спортски друштва.

 |  Мишел Наумоски  | 
vestacka treva
вештачка трева

Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денес во рамките на свечената програма по повод големиот празник „Свети Климент Охридски“-Патрон на градот, официјално беше отворено најавуваното фудбалско игралиште.

igraliste vestacka trevaГрадоначалникот Никола Бакрачески вели дека реализацијата на овој проект ќе даде нов импулс во развојот на спортот во Охрид.

„Се надевам дека овој терен на вештачка трева кој што е изграден по највисоките стандарди на УЕФА, коишто воедно се и донатори на вештачката трева, дека ќе биде одлична можност за сите оние фудбалски друштва и клубови во Охрид, да почнат со адекватни подготовки, она без кое не може да се замисли развојот на фудбалот преку цела година, а не само за време на пролетта и летната сезона кога има идеални услови за тренинг.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Според Бакрачески, новото фудбалско игралиште воедно нуди и нова можност за развој на спортскиот туризам во Охрид, односно можност за сите спортски екипи своите зимски подготовки да ги реализираат во Охрид.

igralisteДополнително, според градоначалникот Бакрачески, ова игралиште е можност и за развивање на спортскиот дух кај најмладите.

„Правиме се да ги мотивираме младите луѓе во Охрид се повеќе да спортуваат и се надевам дека во блиска иднина во Охрид ќе никне фудбалски клуб, она што охриѓани го бараат од нас, она за што охриѓани се желни, а кое ние како одговорна локална власт сме обврзани да им го понудиме на граѓаните на Охрид.“-рече тој.

Реализацијата на овој проект чинела околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Инаку димензиите на игралиштето со вештачка трева се 110 на 80 метри, со што ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top