Охриѓани на операција одат во Струга

Охриѓани на операција одат во соседна Струга. На струшкото хируршко одделение една третина од пациентите се од Охрид, информира директорот на Општа болница Струга. Додека пак според статистика на охридската Општа болница, хируршкото одделение во Охрид, бележи зголемување на бројот на операции. Од таму тврдат  дека ниту еден пациент не бил препратен на друга клиника но додаваат дека пациентите и сами одлучуваат каде ќе се оперираат.

 |  Николоска Биљана  | 
bolnica
болница

bolnicaГолем број охриѓани се пациенти на Општа болница Струга. Дури една третина од нивните пациенти посебно на хируршкото одделение, биле од Охрид , изјави директорот на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Некои од нив со болки доаѓале во струшката болница за итна хируршка интервенција.

„Во хируршко одделение до денеска се направени околу 820 интервенции хируршки, а што се однесува од тие интервенции 180 граѓани на општина Охрид што добиле услуга во нашето хируршко одделение значи нема тренд на пад после отварање на општа болница според мене и информациите што ги добивам. За нас пациентот е пациент независно од каде доаѓа услугата ја добива адекватно“ – вели Ибраими.

arnaudovОд оваа бројка на дадени услуги на хирургија во Струга, затечени охридските колеги од хируршкото одделение. Началникот Гоце Каневче тврди дека  ниту еден пациент не е препратен на друга клиника. Тој вели дека одделението располага со 6 хирурзи од кои 5 активни, а оперативните зафати се изведуваат во две сали.

„Од кога е изгрден новиот објект од хируршкиот оддел не е испретен ниту еден пациент во Скопје, ниеден случај тоа одговорно ви го тврдам  сите пациенти се згрижуваат тука и тука се оперираат. Капацитетот е 100% исполнет, со оглед на тоа што условите се добри секоја соба е опремена со купатило – тврди Каневче.

Охридската статистика зборува дека на хируршкото одделение има растечки тренд на бројот на извршени оперативните зафати , вели директорот на Општа Болница, Љубен Арнаудов. Според него годинава во споредба со лани бележат 100 операци повеќе. А што се однесува на гласините дека повеќе пациенти се праќаат на струшката болница, истите допреле и до него па појасни на што се должи таквиот впечаток.

bolnica „Од повеќе аспекти е тоа така, како што на прв поглед изгледа. Треба да знаеме дека секој пациент има право да избира доктор тоа е основоното право. Можат да одат и Струга и Скопје и Битола и кај сакаат но и пациентите од Струга можат да одат каде сакаат. Тука имаме движење на пациентите по разни основи дали слушнал добар збор за докторот, лично го познава дали стекнал доверба многу фактори влијаат на тоа пациентот да одлучи кај кој доктор ќе оди но условите во Охрдската болница се неспоредливо подобри отколку во околните регионални болници“ – појаснува Арнаудов.

Инаку Арнаудов нагласува дека има недостаток на кадар посебно анестезиолози, невропсихијатри, радиолози за што во неколку наврати реагирале до ресорното министерство.  Но смета дека и тој проблем ќе се надмине затоа што  20 млади доктори веќе се на специјализација, и во иднина треба да станат дел од стручниот медицински кадар на општа болница Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top