ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба.

Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем број украсни свеќички, накит од хартија и други декоративни новогодишни премети кои фасцинираат со својот оригинален дизајн. Сите предмети се изработени од рециклирани и природни материјали.
Изработените предмети се наменети за продажната изложба која ќе биде организирана на 04. 12. 2014 во 18,00 часот во холот на НУ Дом на култура „Григор Прличев”, пред отпочнување на свечената приредба што је оранизира училиштето во чест на Паторниот празник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град