Истражување : Граѓаните бараат поголема транспарентност на локалната

Локалните самоуправи повеќе да излегуваат во пресрет на новинарите кога истите работат на некоја тема или истражувачка сторија. Граѓаните пак сметаат дека локалната не ги објавува во целост сите информации кои се од интерес за јавноста, а воедно не знаат и кој е портпарол на општините Охрид и Струга.

 |  Мишел Наумоски  | 
opstina
општина

Транспарентноста на локалната самоуправа треба да биде многу поголема. Вака сметаат испитаниците кои биле опфатени со истражувањето спроведено од Локалната агенција за развој од Струга, насловено „Каква е мојата општина“. Во ова истражување опфатени биле групи од по пет случајно избрани граѓани како и една анонимна фокус група составена од 5 новинари. Во делот на транспарентноста пред новинарите кои секојдневно работат со информации кои потекнуваат од локалната самоуправа, заклучокот во ова истражување е следниот:

„Локалната самоуправа, она што е исто така важно е да воспостават и одржуваат квалитетна комуникација со медиумите и редовно да доставуваат информации за своите активности, планови и настани, но исто така треба повеќе и почесто да излегуваат во пресрет на новинарите кога истите работат на одредена тема или истражувачка сторија. Имајќи ги предвид одговорите кои што ги добивме во фокус групата на новинарите, токму излезе овој заклучок.“-вели Јасминка Попоска од Локалната агенција за развој од Струга.

Инаку фокус групата од пет новинари генерално била задоволна од транспарентноста на локалната, но не и од брзината со која ги добивале бараните информации.

Во делот на транспаретноста пред граѓаните, истражувањето на Локалната агенција за развој, опфатило прашања поврзани со достапноста, обемот и ажурирањето на информациите објавени на веб страните на локалните самоуправи во Охрид и Струга.  Сепак со истражувањето не биле опфатени информациите за тоа дали и колку локалните давале информации од јавен карактер кои граѓаните сами ги побарале од локалната, а кои не се достапни на нивните веб страни.

struga plostad„Прашањето е дали сметата дека општина Охрид и Струга транспарентно ги објавува сите информации и кои информации не ги објавува. За општина Охрид, сите соговорници одговориле дека општината Охрид објавува многу информации од различни области, но не ги објавува во целост информациите кои се во интерес на јавноста како информациите за реализација на буџетот. Интересна беше забелешката за тоа дека граѓаните не се запознаени со тоа кои се портпароли на двете општини. Имаа забелешка околу тој дел во двете општини дека најчесто појавувано лице во јавноста од страна на општините се градоначалниците од двете општини.“-рече Елена Михајловска-истражувач на проектот.

Резултатите од истражувањето исто така говорат и за огромна разлика во бројот на објавени информации на веб страните на општина Охрид и Струга. Локалната од Струга објавила само 65 информации на својот веб портал, додека локалната од Охрид објавила дури 984 вести, иако во објаснувањето стои дека најголемиот дел од тие информации се однесуваат за редовни активности на општинските служби, јавните претпријатија, најави за реализирање на проекти, информации од прес конференции и настани каде што е инволвирана локалната од Охрид.  Од Локалната агенција за развој која го спроведе ова истражување, најавија и презентирање на резултатите и препораките од ова истражување пред локалните самоуправи со надеж за прифаќање на истите. Инаку истражувањето „Каква е мојата општина“ е дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ спроведуван од Институтот за демократија Социетас Цивилис, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи и Македонскиот иститут за медиуми, а финансиран од Европската унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top