• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Младите од Охрид се едуцира како да го користат правото за слободeн пристап до информации од јавен карактер

Младите од Охрид се едуцира како да го користат правото за слободeн пристап до информации од јавен карактер

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид,  се одржа работилница на оваа тема. Локалната е транспарентна, но има сеуште простор за подобрување на пристапот до информации на граѓаните, рече заменик градоначалникот, Ангел Јанев.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina
општина

Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“,  денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид,  се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие генерално се задоволни како се спроведува законот, но кажаа дека има и недостатоци.општина

Мислам дека секогаш може повеќе да се направи во таа насока. Со овие наши работилници токму тоа сакаме да го постигниме. Позитивно сме изненадени од интересот на младите овде во Охрид, рече Катерина Димеска, член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека слободниот пристап до информациите од  јавен карактер е едно од основните права на граѓаните и еден од механизмите за транспарентноста во работата на органите на централната власт и единиците на локалната самоуправа. Јанев потенцира дека генерално е задоволен од транспарентноста на охридската локална самоуправа.

Но секогаш има простор за подобрување на пристапот до информации на граѓаните. Треба јавната администрација конечно да свати дека треба да биде ставена во функција на граѓаните и да им ги достави бараните информации доколку за истите биде поднесено соодветно барање, рече Јанев. studenti

Пред почетокот на оваа работилница младите имаа можност да посетат и дел од службите на Локалната самоуправа и да се информираат за начинот на нивната работа. Тие беа информирани дека во општина Охрид има овластени лица за посредување по барања на граѓани и институции за слободен пристап до информации и нивните годишни извештаи ги усвојува Советот на општина Охрид. Покрај тоа им беше кажано дека на официјалната веб- страница на општина Охрид има поставено банер со линк за преземање на барањата и другите формулари и дека се  објавени документите кои се достапни за јавноста и поставен е линк со Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top