Комплетирана програмата за одбележување на патронот на Охрид. Заврши и конкурсот за пријавување на кандидати за добитници на Свети климентовата наградата за животно дело и Свети климентова повелба. Голем број збиднувања ќе ги одбележат петте празнични денови во кои ќе има настани од различен карактер. Во очи празникот свечена поворка ќе тргне од градскиот плоштад со факели и свеќи во рацете и ќе се упати кон Плаошник.
„Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.
Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени и заедно да му оддадеме почит на заштитникот на градот. Сега како никогаш порано ни е потребно да бидеме сплотени и посветени на Охрид, рече Дејан Паноски- претседател на Комисијата за доделување награди и признанија.
Ова е само дел од настаните кои ќе се организираат по повод патрониот празник на градов, а кои ќе започнат уште на 4ти декември. Голем број збиднувања ќе ги одбележат петте денови во кои ќе има настани и од спортски карактер како што ќе е одржувањето на крос, ќе настапат и училиштата и градинките со своја програма насловена како „децата за Св. Климент“, ќе бидат одржани неколку промоции на книги, изложби на родокрајни автори, изложби на фото клубови. Во празнувањето ќе учествуваат и училиштата кои го носат името на Св. Климент со своја програма и одбележување на патрониот празник, а на 8ми декември ќе биде свечената академија организирана од општината кога ќе бидат свечено доделени Св. Климентовата награда и повелбите.
Инаку, конкурсот за овие високи општински признанија заврши во петокот.
Пријавени се помалку од минатата година, но имињата ќе бидат познати на 1ви декември кога комисијата ќе заседава и ќе ги отвори пријавите, рече Паноски.
За потсетување, минатата година добитник на Свети климентовата наградата за животно дело беше Александар Леко Радиќ. Свети климентова повелба добија соло пеачката Миланка Новеска и фотографот Стојан Стојаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град