По петти пат во Охрид, „Звуците на Египет“

Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Македонија „ Sound of Egypt“, што се одржува по петти пат.

 |  Голабовски Крсте  | 
koncert
концерт

Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Македонија „ Sound of Egypt“, што се одржува по петти пат.

Англе Јанев-Како град  на соживотот во кој се негуваат различните култури и вредности,овој фестивал зазема посебно место на културната и фестивалска мапа на Охрид. Почитувани, ова е Ваша ноќ. Вечерва преку музиката и танцот, ќе биде отсликан духот, енергичноста и љубезноста кои се одлика на етничката група на која вие припаѓате .  Со желба  овој фестивал, да ја доживее “возраста “  на Балканскиот фестивал на народната музика и танци“ или  на фестивалот “Охридско лето“ ги поздравувам изведувачите, организаторите на ова случување  како и  претставниците на Здружението на Египќаните од Охрид, истакна Јанев, посочувајќи дека Египќаните се значајни  чинители  во културниот, политичкиот и економскиот живот во Охрид и битни градители  на соживотот и толеранцијата, рече Јанев.

Синоќа Здружението на Египќаните од Охрид, во знак на благодарност за поддршката која ја добиваат од Локалната самоуправа  додели  благодарница за градоначалникот Никола Бакрачески  а во негово име  ја прими  заменик  градоначалникот, Ангел Јанев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top