Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна

Салонот за убавина Миракл, еден од малкуте бизнис планови од Охрид кои добиле дел од средствата кои Владата на Република Македонија ги нуди на невработените лица преку активните мерки на Агенцијата за вработување.

 |  Мишел Наумоски  | 
salon ubavina
салон убавина

Кој рече дека желбите не се исполнуваат. Детската желба и љубов кон шминката и козметиката воопшто, сега е веќе реалност за Даниела Златаноска. Нејзината идеја да отвори свој салон за убавина се реализирала во рамките на активните мерки за самовработување кои Владата ги нуди преку Агенцијата за вработување.

MiracleСо бизнис планот кој сама  го изработила, Даниела добила 3000 евра или 180.000 денари неповратни средства од Владата и го остварила својот сон.

„Самите ние, нашиот бизнис да биде успешен буквално не подготвуваа да бидеме подготвени на се и беше одлична соработката таму, цел тим од Скопје, имаше тимови кои што не подготвуваа, правевме бизнис планови кои што многу ни помогнаа, мене лично многу ми помогна, еве веќе цела година работам и сум многу задоволна. Стекнав многу пријателства, клиентела и супер е, многу позитивно.“-вели Даниела Златаноска, сопственик на салонот за убавина „Miracle”.

Со средствата кои ги добила, но и со сопствени средства и помош од најблиските, таа ја набавила опремата која и била потребна за салонот за убавина.

salon za ubavinaСо помош на таа опрема, таа во моментов нуди цела палета на услуги.

„Како услуга всушност нудиме скоро се, се од козметиката. Маникири, надградба на нокти, педикири, прекрасни третмани за лице, многу од клиентите што доаѓаат имаат проблематични кожи и сето тоа успешно се средува, па депилации кои денешно време се доста потребни, особено за една жена.“-рече Златаноска.

Даниела не застанува тука, вели дека за во иднина планира проширување на бизнисот, и ангажирање на вработени во нејзиниот салон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top