• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Регионалниот сојуз на синдикати со предлог решенија за ситуацијата со вработените во ЕМО

Регионалниот сојуз на синдикати со предлог решенија за ситуацијата со вработените во ЕМО

Градоначалникот спасот на компанијата го гледа во најавените потенцијални странски инвеститори во ЕМО.

 |  Мишел Наумоски  | 
emo
емо

Претставници од регионалниот сојуз на синдикатите на Македонија денес во непосредна средба со градоначалникот Никола Бакрачески со конкретни предлози за конечно решавање на судбината на вработените во АД ЕМО од Охрид. Драган Цветкоски, претседател на регионалниот огранок на ССМ во Охрид изрази благодарност за разбирањето на градоначалникот Бакрачески за тежината на нивните проблеми иако неговите ингеренции не му дозволуваат директна помош на вработените.

ssm ohrid„Ако е можно да се изнајде определено решение за изготвување на определен пакет и исплата на плати и придонеси за вработените како тоа што го направи на два наврати Владата на Република Македонија, потоа да се реши проблемот со статусот на вработените, дали ќе продолжи со работа АД ЕМО и другите дооели или пак ќе оди во стечај и ќе се обештетат на некој начин вработените од Агенцијата за вработување. Третиот начин за разрешување на проблемот е оние на кои престанал работниот однос, а немаат добиено паричен надоместок, доколку е можно со уплаќање на средства за пензиско и здравствено осигурување да можат да го остварат тоа право.“-рече Драган Цветкоски-Сојуз на сидникати на Македонија-Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, смета дека спасот за вработените во ЕМО е во реализацијата на најавените странски инвестиции во оваа компанија.

emo proizvodstvo„Една од германските компании кои претходно ги најавувавме, реши да инвестира во ЕМО и да биде рестартиран дел од погоните, се чека на нивната конечна одлука, се работи за германска компанија која произведува делови за автомобилска индустрија и која што во идните 3 до 4 години би вработила 800 до 1000 луѓе во кои секако дека претпоставувам предност би имале оние вработени кои во моментов работат во ЕМО при новото ангажирање на новата компанија и во исто време, Владата на Република Македонија преговара со уште две компании кои што се заинтересирани да инвестираат во дел од погоните.“-вели Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Инаку останатите две компании, градоначалникот Бакрачески потенцираше дека се заинтересирани за рестартирање на производството во делот на челичните конструкции и далеководи како и во делот на производство на трансформатори. Според Бакрачески, инвестицијата на овие две компании зависи од конечната одлука на инвестицијата на германската компанија за автоделови. Градоначалникот не посочи за кои компании поконкретно станува збор освен дека едната е од соседството, а другата е од Европската унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top